Сите прашања кои ги имате слободно поставете ги со испраќање на емаил порака или со јавување на телефонскиот број 322 55 39
Употребени термини објаснување
Рок на испорака. Дава податок за достапноста на артиклоот односно за колку време истиот може да се испорача.Пристуни се следните случаи
–на лагер: Aртикот е на лагер во магацин и може да се испорача веднаш или да се подигне од продавницата на Домнет Скопје
–Со нарачка: Значи артикалот е потребно да се нарача и рокот за испорака е недефиниран, за точен рок ќе бидете контактирани на емаил
Цена. Сите цени се изразени во денари и се со пресметан данок на додадена вредност.
Додади во корпа. Со кликање на иконата “Додади во корпа” артикалот сеуште не е купен туку се става во корпата со производи со количина еден.Оваа икона е присутна во секоја конкретна категорија на артикли
Корпа детално. Дава подетален преглед на избраните артикли кои сте ги ставиле во корпата и воедно води кон следниот чекор од нарачката каде што се бираат начинот на испорака и начинот на плаќањето.Тука се достапни мала слика од артикалот,име на артикалот,количина која ќе се нарача,достапност на артикалот,можност за промена на количини,можност за бришење на некој артикал од корпата,празнење на целата корпа,единечна цена и вкупна цена на артиклите.
Испразни ја корпата. Значи дека ќе ги одстраниме сите артикли од корпата.Корпата ќе биде празна и спремна за ново купување.
Кон нарачка. Иконата води кон следно ниво во нарачката каде се бира видот на испорака и плаќањето и сеуште не ја финализира нарачката.Оваа икона е присутна во малиот приказ на корпата (десната страна од вебот) или во делот за деталниот приказ на корпата.
Купи. Со кликање на иконата купи ја финализираме нарачката. Односно избраните артикли сме ги нарачале но незначи дека истите се наплатени.Останува да се причека истите да Ви ги испорачаме или сами да ги подигнете кога и ќе се изврши наплатата.
